Анчелоти демантираше, а сега Роналдо е понуден на Манчестер сити

Карло Анчелоти демантира дека сака да го врати Роналдо во Реал/Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо е повторно во центарот на вниманието, Португалецот кој има уште една година од договорот со Јувентус, се поврзува со трансфер во други врвни клубови.

Претходно беше објавено дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти планира да го врати еден од најдобрите играчи на светот на „Сантјаго Бернабеу“.

Но, тоа денеска веднаш го демантираше стратегот на „кралевите“:

– Кристијано е легенда на Реал Мадрид и тој ја има сета моја љубов и почит. Јас никогаш не сум размислувал да го ангажираме него – напиша Анчелоти на својот Твитер профил.

После таквите информации, нови шпекулации излегуват во медиумите, според „Кориере дело Спорт“, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш ги понудил услугите на португалскиот фудбалер на Манчестер сити.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ наоѓа начин како да се раздели со „Старата дама“, а неговите опции се намалија откако Лионел Меси потпиша за ПСЖ.

И покрај силните врски со неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, Роналдо е понуден на актуелниот шампион во Премиер лигата, Сити, градскиот ривал на „црвените ѓаволи“.

Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот