Џордан за еден викенд заработи богатство од дресовите на Меси

НБА кошаркарската легенда Мајкл Џордан заработи сериозни пари од дресовите со името на Меси за еден викенд / Колаж: СП. / Фото: ЕПА
Лионел Меси пристигна како слободен играч во ПСЖ откако не потпиша нов договор со Барселона, а веста трансферот молскавично го обиколи светот.
Лионел Меси позира со неговиот нов дрес за ПСЖ / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Навивачите на ПСЖ почнаа да се собираат пред аеродромот во Париз штом слушнаа дека доаѓа Аргентинецот, а особено интересен е ефектот што го имаше Меси врз продажбата на дресови.

Првата вечер по објавувањето на неговото доаѓање, ПСЖ пушти во продажба 150 илјади дресови со неговото име и број 30, и тие беа распродадени за само седум минути.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Така, продажбата на дресовите на Меси прераснува во нешто што се случува 24 часа на ден, секој ден во неделата.

А исто така и НБА кошаркарската легенда Мајкл Џордан заработи сериозни пари од дресовите со името на Меси за еден викенд.

EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Имено, „Најк“ произведува дресови на ПСЖ со брендот „Ер Џордан“, а според договорот што компанијата го потпиша со клубот, на славниот кошаркар му следуваат 5% од заработката од продажба на дресови. Во моментов, тоа е шест милиони евра заработка за само еден викенд.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Вистински налет за купување на дресовите допрва треба да се очекува, бидејќи Меси допрва треба да дебитира во дресот на ПСЖ, уште една причина за голем интерес кај навивачите. Следниот натпревар на ПСЖ ќе се одржи во петок, против Брест. Иако Меси се подтотвува со тренинзи, ова лето беше навистина исполнето за него со Копа Америка, а во Париз пристигна минатата недела. Иако има шанси да игра овој петок, се шпекулира дека неговиот прв натпревар за ПСЖ ќе го одигра на 29 август, против Реимс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот