Ана Курникова објави неодолива фотографија од својата ќерка: Дали малата Мери ќе тргне по стапките на мајка ѝ?

Instagram

На својот инстаграм-профил, една од најпознатите светски тенисерки Ана Курникова, која последните години целосно се повлече од очите на јавноста и се посвети на семејниот живот, објави фотографија од малата Мери Иглесијас, најмладата ќерка што ја доби со латино sвездата Енрике Иглесијас.

Во неодолив бел комплет од блузичка и фустанче, кој како да е создаден за тениските терени, малечката Мари седи насмеана на бел кауч. Можеби би била сосема вообичаена фотографија да не се знаеше дека ова е најмалото дете на славната двојка – некогаш една од најпознатите тенисерки во светот, Ана Курникова и латино sвездата Енрике Иглесијас.

Instagram

Седуммесечната Мери Иглесијас седи боса на белиот кауч, а нејзината горда мајка покрај фотографијата напиша: „Вимблдон, доаѓам“, алудирајќи на тоа дека можеби нејзината наследничка еден ден ќе победи на Грен Слем турнирот, иако нејзината мајка не успеа.

Втората бременост Ана Курникова заедно со нејзиниот сопруг, 45-годишниот Енрике Иглесијас ја држеа во тајност многу успешно скоро до самиот крај.

Бременоста беше откриена случајно, кога случаен минувач ја сликал Ана со поголем труднички стомак, а потоа на 30 јануари Иглесијас објави фотографија направена во болница.

Instagram

Мери Иглесијас е нивното трето дете, бидејќи тие се веќе родители на близнаците Николас и Луси кои имаат две и пол години.

Од почетокот на нивната врска, парот одлучи да го задржи приватниот живот подалеку од јавноста и интересот на медиумите и се уште се држат до тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот