Амнестијата на Иванов во Уставниот суд веќе има 6 гласa „за“?

Уставниот суд во среда на седница ќе ја оценува уставноста на членот 11-а од Законот за помилување. Токму со овој член, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ја повлече амнестијата за 56 лица во 2016 година. На маса пред уставните судии ќе се најдат две опции. Првата е да го „укинат“ членот и во иднина, претседателот на државата да не може да повлекува помилување или да го „поништи“ што би значело, враќање во сила на амнестијата на Иванов и слобода за сите обвинети во случаите на СЈО.

Уставниот суд брои 9 членови. Извори од судот за „Слободен печат“ велат дека амнестијата на Иванов во Уставниот суд веќе има 6 судиски гласови „за“. Се шпекулира дека тие им припаѓаат на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Владимир Стојановски и Вангелина Маркудова.

Во јавноста веќе се зборува дека Гошева и нејзиното семејство 20-тина години се блиски до партијата на Мицкоски. Медиумите пишуваат дека нејзиниот сопруг како кадар на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на  Студентскиот центар, нејзината ќерка Слободанка Гиевска Гошева е истакнат партиски член, исто како и нејзиниот зет Игор Гиевски. Ќерките, зетот и поширок роднински круг, работат во компании како што се Телеком ЕВН, Агенција за електорнски комуникации, за екстремно високи плати.

И за уставниот судија Никола Ивановски медиумите објавуваат дека и тој исто како и Гошева станал уставен судија без ниту еден ден искуство со уставна материја. Имал задача да ги протурка измените со кои на петседателот на државата му се дава овластување да аболицира и за дела поврзани со изборниот процес. Тој беше претседател на Уставниот суд, пред актуелниот претседател Сали Мурати.

Уставниот судија Јован Јосифовски, јавноста повеќе го познава како претседател на ДИК кој пет години го предлага  ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот син Борис беше генерален секретар во кабинетот на Иванов. И во кариерата на уставниот судија Владимир Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ, вмешало прсти. Како предлог на ВМРО-ДПМНЕ прво станал директор во Бирото за судски вештачења. За една година преминал во Управен суд, а за само три години оди во Уставен.

Петиот глас „за“ аболицијата на Иванов се очекува да биде на судијката Вангелина Маркудова. Медиумите за неа пишуваа дека е чудно што од основен суд директно премина во Уставен. Граѓаните ја паметат како судија во „Змиско око“, „Фаланга“, „Сопот“, „Франкфурт мафија“, акции за кои медиумите информираа дека екс премиерот Никола Груевски заплашува за да воспостави режимско владеење. Јавноста ја знае и по судскиот процес „Славија“.

Шестиот судија кој најверојатно ќе гласа за аболицијата на Иванов е судијата Насер Ајдари. Тој пред да стане уставен судија бил соработник на ДУИ. Гласовите на тројцата судии судии кои сметаат дека правдата треба да надвладее се претседастелот на судот – Сали Мурати, Осман Кадиру и Дарко Костадиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот