Американски турист казнет со 450 евра откако седнал да јаде сладолед покрај позната фонтана во Рим

Рим, Италија/ Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Американски турист е казнет со 450 евра затоа што прекршил едно од правилата на „урбаната декорација“ на Рим со тоа што јадел сладолед на скалите на позната Фонтана деи Катекумени, пренесува „Гардијан“.

55-годишникот, кој имал и пиво во рака, бил казнет од полицијата во раните утрински часови во саботата во близина на малиот плоштад во населбата Монти.

Изградена од Батиста Рускони во 1589 година, фонтаната е популарно место за луѓето да се собираат наоколу, но минатата недела беше затворена и со тоа беше забрането да се седи на скалите.

Лентата наводно била отстранета, оставајќи го мажот несвесен дека би направил прекршок доколку седне на скалите, дури и во 1 часот по полноќ.

Според Ла Република, тој не се мрднал кога го предупредила полицијата, па тие одговориле со парична казна.

Човекот изјавил дека не знаел дека ја прекршува забраната за јадење, пиење и седење на фонтаните во Рим, дел од низата правила воведени од тогашната градоначалничка Вирџинија Раџи во 2017 година, кога таа се обидуваше да ја врати „пристојноста“ во главниот град на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот