Американски сенатор: Турција нема зелено светло за влегување во Сирија

EPA-EFE/STR

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок на американскиот претседател Доналд Трамп, ја предупреди Турција дека „нема зелено светло” за воена операција во северна Сирија, по низата контрадикторни пораки испратени од официјалните лица на САД во изминатите денови.

„Порака до турската влада: немате зелено светло за влегување во северна Сирија. Постои голема двопартиска опозиција на тоа во Конгресот и треба да ја гледате како црвена линија што не смее да се премине. Ако сакате да ги уништите веќе кревките односи, инвазијата на Сирија ќе ја заврши работата”, твитна Греам со хаштагот #StandWithTheKurds.

Во неделата Трамп ги изненади сите најавувајќи повлекување на американските трупи од северна Сирија. Турција вчера објави дека е подготвена да почне нова офанзива против курдските Единици за заштита на народот во Сирија.

Но, соочен со обвиненија дома дека ги оставил американските сојузници, Трамп во понеделникот се премисли и се закани со „целосно уништување на турската економија” доколку Анкара „ги премине границите”. Турција ги смета курдските борци за терористи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот