Американски медиуми: Трамп бил отсечен од реалноста при упадот на негови приврзаници на Капитол

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Советници на американскиот претседател Доналд Трамп се откажале од обидот да комуницираат со него при упадот на негови приврзаници во зградата на американскиот Конгрес (Капитол), нарекувајќи го „психички недостапен”, јавија американски медиуми.

Трамп бил отсечен од реалноста откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол, според голем број извори блиски до него.

За советниците на Трамп се вели дека се откажале од обидите да комуницираат со него за време на кризата. За време на упадот, кој го принуди Конгресот привремено да се откаже од процесот на потврдување на изборната победа на Џо Бајден, Трамп беше во Белата куќа во одбрана на своите приврзаници и одби да го осуди насилството, објави Вашингтон пост.

Службеник на администрацијата во изјава за весникот го опиша претседателот како „апсолутно чудовиште” кој бил „толку опседнат со идејата што го третирале неправедно што не можел да ја види поголемата слика”.

Аксиос објави дека најблиските пријатели на Трамп и претставници на Белата куќа „го избегнувале како чума” и дека „тие се откажале од обидот да комуницираат со него, сметајќи го психички недостапен”.

Репортерот на Њујорк Тајмс, Меги Хаберман вчера рече дека советниците на Трамп се обидуваат да го натераат да објави силна изјава против насилството, но тој „ги игнорираше овие инсистирања”. Хаберман исто така рече, цитирајќи советник од Трамп, дека луѓето блиски до Трамп се „сигурни дека претседателот го сака тоа и е среќен”.

Според „Политико”, околу Трамп имало помалку персонал од нормалното. Медиумот истакна дека на тој ден, високиот советник во Белата куќа, Џаред Кушнер патувал од Блискиот исток.

„Не знам кој во моментот го контактира”, изјави поранешен висок службеник на администрацијата за „Политико”.

Еден републиканец, кого Политико го опиша како близок до Трамп, исто така изјави: „Не сакам да разговарам со него … Што ќе кажам? Ова е едно од оние моменти кога не знам дали сакам да сум вклучен”.

Според „Вашингтон пост”, Трамп бил толку лут на потпретседателот Мајк Пенс, кој ја водел седницата на Конгресот, што „не можел да размислува трезвено”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот