Американска кантри ѕвезда почина од коронавирус: Пред два дена дознал дека е заразен

Фото: Инстаграм

На социјалната мрежа Инстаграм менаџер ја извести пошироката јавност за смртта на познатиот реге пејач.

Американската кантри ѕвезда, Џо Дифи, почина во неделата на 62-годишна возраст, откако пред само два дена дозна дека е позитивен на коронавирус, пренесува „Си-Ен-Ен“.

На социјалната мрежа Инстаграм менаџер ја извести пошироката јавност за смртта на познатиот реге пејач.

„Кантри музичката легенда Џо Дифи почина денеска, недела 29 март, поради последица од коронавирусот. Неговото семејство бара приватност“ – напиша неговиот менаџер.

View this post on Instagram

It’s with a sad heart that i have to post this. Tara

A post shared by Joe Diffie (@officialjoediffie) on

 

– Се грижат за мене и се лекувам. Семејството и јас бараме приватност во овие моменти. Сакам да потсетам дека сите треба да бидат внимателни за време на оваа пандемија – рече Џо во петокот, кога дозна дека е позитивен на Ковид 19.

Џо во 1999 година доби Греми за најдобра кантри соработка, а зад себе остави 13 албуми и бројн и хитови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот