Американец се шокирал од цените на Миконос: Платил 110 евра за порција лигњи, 30 евра за пиво!

tripadvisor

Американскиот војник Франциско Таједа од Бруклин со друштвото отишол на одмор на популарниот грчки остров Миконос на Егејското Море.

Но веќе првиот ден доживеале шок кога одлучиле да ручаат во ресторанот „DK Oyster“, кој се наоѓал веднаш покрај плажата.

Ручекот не бил посебен – шест порции лигњи, шест пива, три салати, вода и сок од домат. За тоа друштвото платило неверојатни 836 евра.

tripadvisor

Огорчениот Американец фотографијата ја објавил на страницата Tripadvisor, жалејќи се дека за една порција лигњи платил 110 евра, а за едно шише пиво 30 евра, пишува Daily Mail .

Сопственикот на ресторанот не се засрамил поради жестоките критики и обвиненија.
„Ако не можете да си ја дозволите храната кај нас, тогаш не ја ни порачувајте. Најдете некое поевтино место“, порачал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот