Американец осуден за убиство на две жени во 1996 година, егзекутиран на Флорида

Затвор во Флорида / Фото EPA PHOTO/EPA/Chris Livingston/MANDATORY CREDIT/

Педесет и четиригодишен Американец, кој бил осуден на смрт за убиство на две жени во 1996 година, вчера бил егзекутиран вчера во Флорида.

Мајкл Жак бил погубен со смртоносна инјекција околу 18:00 часот по локално време во државниот затвор Рејфорд, пренесуваат американските медиуми. Тој го изразил своето каење во пораката објавена од организација на жители на Флорида кои се противат на смртната казна.

Тој бил осуден на смрт во 1997 година за сексуален напад, силување и убиство на жена што ја запознал во бар. Тој бил прогласен за виновен и за убиство на друга жена, која исто така ја запознал во кафеана, во исто време, за што бил осуден на доживотен затвор.

Жалбите на неговите адвокати, кои тврделе дека тој има психички проблеми поради фетален алкохолен синдром, биле отфрлени, вклучително и нивната жалба до Високиот суд минатиот понеделник да се запре извршувањето.

Ова е шесто погубување во Флорида во 2023 година и вкупно 19-то во САД. Сите биле направени со употреба на смртоносни хемиски инјекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот