Амбулантско возило за гевгелиската болница од текстилната фабрика „Ноел”

Текстилниот гигант „Ноел” од Гевгелија на Општата болница со посебни потреби од Гевгелија ќе и подари ново амбулантско возило со кое ќе се збогати возниот парк во време на пандемијата со Ковид-19.

Менаџментот и вработените на компанијата оцениле дека возилото „фолксваген”, што го набавиле за сопствени потреби, во моментите на здравствена криза подобро е да се користи како амбулантско возило по што одлучиле да го донираат на Општата болница во Гевгелија под мотото „Нека им користи на сите”.

-Возилото моментно се адаптира во специјален сервис за амбулантски возила, каде ќе биде опремен со најсовремени медицински уреди и се очекува до половината на следниот месец да и биде предадено на гевгелиската болница, посочија од компанијата.

Директорот на болницата, д-р Митко Крџев рече дека донацијата за нив е многу значајна и упати благодарност до текстилната компанија „Ноел”, од Гевгелија која со гестот ја потврди својата општествена одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот