Амбулантата во Дебар под карантин, персоналот позитивен на коронавирусот

Доктор Арбен Аголи со медицинскиот тим

Доктор Арбен Аголи од Дебар, на својот Фејсбук профил информира дека персоналот е заразен со коронавирус и единствената приватна педијатрија во Дебар ќе биде под карантин следните 14 дена.

 

Информацијата дека просторот каде се наоѓа неговата ординација е всушност под концесија во зградата на дебарската болница, каде истевремено се лекуваат пациентите заразени со коронавирус, се уште не е официјално потврдена.

Пред три дена, Аголи сподели фотографија на неговиот фејсбук-профил со медицинскиот персонал, на која ја упатуваат пораката „Ние сме на работа, вие седете дома“.

Докторот неколкупати апелираше кон граѓаните да бидат повнимателни, да седат дома и да не ги фрлаат маските и ракавиците насекаде, туку во ѓубре, бидејќи така придонесуваат да не се шири вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот