Медицинскиот персонал во Дебар нè поздравува: Ние работиме, вие седете дома

Доктор Арбен Аголи со медицинскиот тим

Познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, на Фејсбук објави фотографија со неговите колешки, со заштитна опрема, како упатуваат порака на македонски и на албански јазик: „Ние работиме, вие седете дома“.

Арбен Аголи беше кандидат на Алијанса за Албанците на последните локални избори, но во градоначалничката трка загуби од кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, кој исто така е лекар-уролог.

Во моментов општините Дебар и Центар Жупа се под карантин, при што полициска барикада оневозможува влез или излез од местата. Според последните информации и прес-конференцијата на министерот Венко Филипче, луѓето добро се снаоѓаат и разбираат што се случува, па разумно остануваат дома. На улиците нема сообраќај, пазарот денеска беше празен, граѓаните претпазливо ги следат мерките и сакаат да го спречат ширењето на коронавирусот. Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција изјави дека кризната состојба ќе трае 30 дена, како и дека карантинот е најбрзото и најбезболно решение кое дава резултати за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот