
Филипче: Кај едната пациентка од Дебар е влошена состојбата и е поставена на машина за дишење
Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги изнесе новите информации поврзани со коронавирусот. Во моментов вкупната бројка на заболени, вклучувајќи ги и новите четири случаи од Дебар, кои денеска ќе пристигнат на Инфективна, ќе биде 12.
Препорачано
– Чекаме од Дебар да пристигнат новите 4 пациенти, првата пациентка во понеделник ќе си замине од Инфективна болница. Кај едната пациентка од Дебар е влошена состојбата и е поставена на машина за дишење. Од четирите нови пациенти, еден е 15 годишно момче, сите имаат лесна форма на заболување- рече Филипче.
Во овој момент се тестираат седум лица, шест се од Дебар, а се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.
Непосредно пред оваа прес-конференција двајца наши државјани кои патувале за Шпанија се јавиле со покачена температура, ќе бидат тестирани, па подоцна ќе ги соопштиме резултатите. Во Дебар болницата е организирана, така да епидемиолотог и инфектолози и од болницата и од дебарската бања се сега на располагање во овој регион, тие ќе работат во две смени- рече Филипче.
Во целосна координација сме во МВР, вели Филипче, во однос на потребата за поддршка на нашите лекарски екипи.
– Засега во Дебар е мирно, нема проблеми, луѓето разбираат за што станува збор. Дополнително ќе се зголеми бројот на лекари кои ќе бидат достапни на стенд-бај и на целосно располагање на пациентите- истакна Филипче.