Амбасадорката на Велика Британија во посета на Велес

Фото: МИА

Амбасадорката на Велика Британија во Скопје, Рејчел Галовеј, денеска во Велес се сретна и со градоначалникот Аце Коцевски со кого разговараше за реформите во јавната администрација, како и за и други проекти.

Амбасадорката ги посети и градинките „Димче Мирчев” каде се реализира проект на УНИЦЕФ за едукација на воспитувачките, а учествуваше и одржа предавања на едукативниот НАТО-караван во салата на Општина Велес, а на кој учество земаа средношколците од Велес и Кавадарци. Таа појасни која е мисијата на НАТО и воедно пренесе лични искуства од нејзиното учество во НАТО-мисии во светот. Инаку, караванот го организира ИНФО-центарот за евроатлантски интеграции и МОСТ.

Амбасадорката Рејчел Галовеј во изјавата за МИА потенцира дека НАТО караванот е одличен проект, бидејќи Северна Македонија наскоро ќе стане 30-тата членка на НАТО.

Амбасадорката смета дека иако НАТО има голема подршка од јавноста за членството, сепак, појасни дека истражувањата покажале оти сфаќањата за НАТО посебно кај младите во земјата може да биде доста ограничено. Но, таа и по денешното предавање со средношколците од Велес заклучи дека младите имаат одлични познавања за НАТО.

– Навистина сум импресионирана бидејќи на почетокот им дадовме квиз на младите за НАТО и тие дадоа многу точни одговори на многу прашања. Но, она што уште повеќе ме импресионира беше дискусијата на крај и затоа што младите сакаат да знаат што НАТО може да направи за нив и кои се предизвиците да се НАТО членка и која е нивната иднина со НАТО – рече амбасадорката Галовеј.

Таа информира дека Амбасадата на Велика Британија во Скопје има неколку проекти во Велес, а наскоро ќе почне и проектот „Училиште на 21 век”, кој ќе се спроведе во сите училишта во градот.

Амбасадорката Галовеј најави дека заедно со Вестменистерската фондација за демократија започнале програма, а со која ќе работат на пристапноста на зградата на Парламентот за лицата со посебни потреби, што ќе се реализира во текот на наредната година.

Воедно информира дека заедно со УНИЦЕФ нивната Амбасада работи на проект за деинституционаизација на лицата со посебни потреби, со кој ги вадат од малите групни домови назад во заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот