Аманда Пит вели дека не постои „совршен живот“ во Холивуд – очајот е на сите страни
Аманда Пит откри каков е навистина животот под светлата на рефлекторите, опишувајќи го Холивуд како свет полн со илузии. 54-годишната актерка отворено проговори за заблудите кои ги опкружуваат славата и успехот во филмската индустрија.
Препорачано
„Очајот е на сите страни“
На прашањето за „најголемата заблуда“, дали ѕвездите водат „совршен живот“, Пит за „Фокс Њуз“ изјави:
„Тоа е смешно. Тоа е илузија. Таму нема ништо. Очајот е на сите страни. ’Што прават тие таму? Зошто јас го немам тоа? Зошто не изгледам така?‘ Тоа е онаа лоша страна. Во Холивуд е тешко. Сè е многу натпреварувачки и тешко е да се излезе од тој менталитет во кој колачот е премал, а има премногу луѓе кои го сакаат“.
Актерката додаде дека ниту стареењето во индустријата опседната со младоста не е воопшто лесно.

„Постара сум, па имам многу повеќе мир во врска со тоа, но навистина е тешко да се пронајде тој мир. Тешко е да не сакаш да ја бркаш сопствената слава ако си доволно среќен да ја имаш, и наместо тоа едноставно да си кажеш: ’Што навистина сакам да работам кога наутро ќе ми заѕвони алармот? Дали е тоа корисно за некого?‘“.
Нова сезона на серијата „Вашите пријатели и соседи“
Пит моментално глуми во втората сезона на серијата „Вашите пријатели и соседи“ на „Епл ТВ плус“, која започнува со емитување во петок, на 3 април. Таа рече дека обожавателите можат да очекуваат „многу повеќе“ во новите епизоди.
„Тука е и прашањето за тајниот живот на Куп. Мислам дека оваа сезона премногу луѓе почнуваат да се сомневаат дека нешто се случува со него. Поради тоа му станува сè поопасно да продолжи да го прави тоа што го прави, што е неверојатно возбудливо“, рече Пит за ликот на Џон Хем, кој во серијата го глуми нејзиниот поранешен сопруг.

Пит истакна дека ѝ е драго што приказната се занимава и со нејзиниот лик кој поминува низ менопауза, што за неа било одлично искуство.
Дијагноза за рак на дојка
Актерката неодамна отворено проговори и за својата дијагноза за ракот на дојка, и откри дека кога првпат ја слушнала веста, мислите ѝ биле исполнети со „ужас“.
Пит откри дека одлучила да не ѝ каже на својата мајка, која тогаш била на смртна постела.
„Долго време не беше добро, па беше прилично очигледно дека не би сакала да ја плашам“, објасни таа.


