Алтмаер: На Германија и се потребни осум до 12 милијарди маски годишно

Тој додаде дека многу ќе се постигне ако повеќето од потребните маски се произведат во Германија.

На Германија ќе и требаат милијарди маски, откако федералната влада експлицитно препорача да се носат во јавниот превоз и при купување, а некои провинции веќе го направија задолжително.

– Ако сакаме да им овозможиме на сите луѓе во Германија да работат, да одат на купување и да се возат со јавен превоз со заштитни маски за лице, тогаш ни требаат од осум до 12 милијарди маски годишно, изјави германскиот министер за економија Питер Алтмаер за „Билд ам зонтаг”. .

Тој додаде дека многу ќе се постигне ако повеќето од потребните маски се произведат во Германија.

Алтмаер, исто така, изјави дека целта е да се произведат милиони маски во Германија во втората половина на летото, како за медицинскиот персонал, така и за жителите.

Тој истакна дека на фирмите не може да им се наложи „што или колку маски мора да произведат”, но дека индустриското производство ќе се помогне преку инвестиции и гарантиран откуп.

Со оглед на недостигот на маски, сојузната влада во средата издаде „експлицитна препорака”, наместо обврска да се носат маски при купување и во јавен превоз.

Според најновото истражување, 46 отсто од Германците поддржуваат носење заштитни маски, 40 проценти се против, а 14 отсто се наодлучни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот