Алкохолот може да предизвика проблеми со здравјето: Прочитајте која е умерената доза за консумирање!

Секогаш се споменува дека алкохолот е дозволен во умерени количини, но новото истражување не ја поддржува таа изјава. Имено, едно ново истражување, претставено како дел од виртуелниот европски и меѓународен конгрес за дебелина, вели дека само половина чаша вино или пиво на ден може да доведе до дебелина, дијабетес и висок крвен притисок.

Научниците тврдат дека поради ова нема безбедна количина алкохол.

За целите на оваа студија, податоците од над 14 милиони мажи и 12 милиони жени во Јужна Кореја беа следени за две години.

Откриено е дека мажите кои пиеле половина чаша пиво или вино на ден, во просек, имале 10% поголем ризик од дебелина и метаболички синдром отколку луѓето кои никогаш не пиеле. Со две чаши вино или пиво, тој ризик се зголеми на 22% кога станува збор за дебелина и на 25% кога станува збор за метаболички синдром.

Слични податоци беа забележани кај жени. Половина чаша вино на ден го зголемува ризикот од дебелина за 9% , но ги намалува шансите за метаболички синдром. Од друга страна, по две чаши вино или пиво на ден кај жени, ризикот од дебелина се зголеми за 22% и од метаболички синдром за 18%.

„Дури и мала количина алкохол е поврзана со метаболички синдром“, рече водечкиот автор на студијата, д-р Хје Јунг Шин од Националниот медицински центар во Сеул.

Тој додаде дека ова откритие треба да го разгледаат авторите на препораки за исхрана и упатства за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот