Алијанса ги стокми директорите, со ПИОМ ќе раководи Арсим Хасани

Алијанса за Албанците го направи изборот на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. „Слободен печат“ веќе објави дека за директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди и за Македонски пошти советничката на Град Скопје Бујаре Абази.

Со Фондот за пензиско предложен е да раководи Арсим Хасани. На директорската позиција во Тетовската болница доаѓа Плумб Вела.

За директори на клиниките за неврологија, онкологија, дерматологија, гинекологија и офтамологија за предложени се Висар Мифтари, Халид Матоши, Генц Селмани, Јетон Шаќири и Беким Татеши.

За директор на клиниката Козле предложен е Тахир Тахири, додека на Здравствен дом Скопје Вулнет Селими.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот