Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија

Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер.

Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

– Европа треба да се соочи со својата албанофобија! – додаде Сорос.

Тој на неговиот статус ја постави и реакцијата на комесарот Јоханес Хан кој пишува: „И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на две земји, многумина со право се надеваа на позитивна одлука. ЕУ е таа која потфрли поради внатрешните проблеми. Ова го поткопува кредибилитетот на ЕУ”.

Реакцијата на младиот Сорос, кој не ретко ја посетува Албанија и постира фотографии со премиерот Еди Рама, ја пренесува тиранската телевизија Топ канал,додавајќи дека колебливоста на Европската унија да започне разговори за членство со Албанија и Северна Македонија била критикувана од многу истакнати европски личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот