Албанија: Мајката која лани го фрли бебето во река осудена на 22 години затвор

Бебе
Илустративна фотографија на бебе / Фото: Unsplash

Орјана Греми, мајка од Албанија која своето новороденче во јануари минатата година го фрли во водите на реката Кир, е осудена на 22 години затвор.

Судиите од Скадар одлучија Греми да ја прогласат за виновна и да ја осудат за обвинението „Убиство на малолетно лице“.

Бруталниот настан што ја покираше албанската јавност се случи на 5 јануари 2023 година, само пет дена по раѓањето на бебето.

Пред да ја даде одлуката, Орјана Греми побара милост, покажувајќи длабоко каење за стореното злосторство.

Таа го фрлила бебето во водите на реката Кир, што се покажало кобно, а веднаш по инцидентот била уапсена во селото Голем, каде живеела со своите роднини.

Две калуѓерки од Католичката црква ја известиле полицијата откако ја сретнале 32-годишната жена во нејзиниот дом, но без бебето.

Таа првично им дала контрадикторни изјави на калуѓерките за локацијата на детето, а откако не успеале да го најдат ја алармирале полицијата.

Машкото бебе било пријавено во болницата во Скадар без татко, а мајката пред да го изврши кривичното дело ги завршила процедурите за бенефит за новородени.

Уште додека била во болница побарала да го даде на посвојување, но потоа се предомислила.

Кога ја напуштила болницата со новородениот син, Греми отишла во селото Голем, но по пат го фрлила бебето во реката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот