Албанија: Инфектолог со примена прва доза вакцина заразен со Ковид-19

 Познатиот албански инфектолог Пелумб Пиперо, кој пред две недели ја прими првата доза вакцина од компанјата „Фајзер”потврдено е дека е заразен со Ковид-19.

Тој првата доза на вакцината против опасниот вирус ја прими на 11 јануари, веднаш по премиерот Еди Рама. Сега резултатот од тестот покажал дека е позитивен.

Ова е прв случај на заразен во Албанија по добиена доза од вакцината.

Пелумб Пиперо е еден од најценетите доктори во земјата и од првиот ден по појавата на пандемијата тој е непосредно вклучен во грижата за ковид пацентите во Инфектвината клиника во Тирана.

Инаку, до сега во Албанија првата доза вакцина ја примија 500 лица, сите здравствени работници,со исклучок на Рама,од добиената донација од 975 дози вакцини.

Албанската влада веќе има договор со „Фајзер” за 500.000 вакцини, за што законодавниот дом во Тирана ги изгласа потребните законски акти,кои денеска се очекува да ги потпише претседателот Илир Мета.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот