Алабаковски првпат се огласи во јавноста: Народе мој, Ви благодарам на поддршката

Facebook
Ламбе Алабаковски / СП. архива

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски против кого се води постапка за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, се огласи првпат по инцидентот. Тој и’ се заблагодари на јавноста за поддршката.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, напиша Алабаковски на социјалните мрежи.

Алабаковски се гони за предизвикување општа опасност. По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД, по што беше префрлен во куќен притвор.

Пред четири дена неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост и нема продолжување на притворот.

Случајот предизвика реакции во јавноста, а во Битола беше организиран и протест за поддршка на пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот