Ал Пачино на 83 години очекува дете со 54 години помладата девојка

Фото: EPA/ Instagram

Познатиот актер Ал Пачино кој е во љубовна врска со 54 години помладата Нур Алфалах, го очекува четвртото дете на 83 години, пренесува „Пипл“.

Имено, странските медиуми откриваат дека младата Нур (29) е во осмиот месец од бременоста, па наскоро ќе го добие првото дете со актерот.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Пачино и Алфалах се во љубовна врска од минатата година, кога парот за првпат беше забележан на заедничка, романтична вечера.

Нур Алфалах и порано била поврзувана со постари, славни личности. Нејзината последна позната врска со Мик Џегер заврши во 2017 година, а претходно беше поврзувана и со Клинт Иствуд.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

ФОТО | Ал Пачино ужива во љубовта со 54 години помладата партнерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот