Актерот од „Riverdale“ осуден на доживотен затвор за убиство на својата мајка

Рајан Грантам
Рајан Грантам / Фото: CW / Planet / Profimedia

Актерот Рајан Грантам е осуден на доживотен затвор за убиство на својата мајка во 2020 година.

Ѕвездата од серијата „Riverdale“ беше осуден во вторникот во Врховниот суд на Британска Колумбија во Ванкувер и нема да има право на условно ослободување до 14 години од сега, според „CBC“. Казната на Грант се очекуваше бидејќи тој се изјасни за виновен за убиство од втор степен, што носи автоматска доживотна затворска казна во Канада.

Актерот од популарната серија ја убил мајка си, а планирал да го убие и Џастин Трудо!

Обвинителите на сослушувањето во јуни рекоа дека на 31 март 2020 година, Грентам ја застрелал својата 64-годишна мајка, Барбара Вејт, во задниот дел од главата додека таа свирела на клавир. Судот, наводно, дознал дека Грантам го „вежбал“ убиството и направил видео за време на постапката, вклучително и едно во кое го признал делото и го покажувал телото на неговата мајка.

Грентам, исто така, наводно го наполнил својот автомобил следниот ден со три пиштоли, муниција, материјали за кампување и инструкции да вози до домот на канадскиот премиер Џастин Трудо со намера да го убие. Меѓутоа, наместо тоа, тој ѝ се предал на полицијата во Ванкувер.

Психијатрите тврдат дека тој минувал низ интензивен период на клиничка депресија

„CBC“ известува дека за време на неговото изрекување оваа недела, судијката Кетлин Кер го нарече „спасоносен благодет“ што Грантам одлучил да не продолжи со убиства. Таа, исто така, ги забележала „потресните“ ефекти на злосторството, за што сведочат изјавите на сестрата на актерот за влијанието врз жртвите.

Според извештајот на „CBC“ во јуни, психијатриските извештаи покажале дека пред убиството, Грантам минувал низ „интензивен период на клиничка депресија“, со „нагони да изврши насилство и самоубиство“. Грентам наводно решил да ја убие својата мајка, која во тоа време се борела со ракот, „за да ја поштеди да не го види насилството што тој имал намера да го изврши“.

Судијката Кер во вторникот изјави дека ги смета проблемите со менталното здравје на актерот како олеснителен фактор во убиството. Таа исто така истакна дека Грантам моментално добива психијатриска помош во затворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот