Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерот од популарната серија „Три Хил“ почина од рак, имаше само 35 години

Пол Тил, актерот познат по улогата во популарната серија „Три Хил“, почина од рак на 35-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави неговата свршеница Емилија Торело на социјалните мрежи.

На актерот во април годинава му беше дијагностициран рак на панкреасот, а почина пред неколку дена во болница.

– Тој беше најгрижливиот, најинспиративниот и најљубениот човек. Пол, ти беше мојата сродна душа, мојот иден сопруг, мојата карпа и мојата иднина. Му ги наполни белите дробови со смеа, стомакот со пеперутки и срцето со љубов. Си замина прерано, во битка во која храбро се бореше – напишала неговата свршеница.

– И додека еден дел од мене умре со тебе, ти ветувам дека ќе се борам да ја најдам среќата во животот. Светот има среќа што имал моменти со тебе, а јас сум најсреќната личност затоа што можев да те наречам мој. Ќе те сакам засекогаш – додала Торело во емотивната објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emilia Torello (@emiliatorello)


Таа за странските медиуми открила и како Тил работел на новата серија, а времето кое го поминал со колегите на сетот му помогнало да се бори со ракот.

Тил е најпознат по неговата улога во серијата „Три Хил“ каде што се појави во седмата сезона како филмската ѕвезда Џош Ејвери.

Од него се прости и неговата колешка Бетани Џој Ленц, која во серијата ја играше Хејли Џејмс Скот.

– Тој беше човек кој ќе внесуваше радост во просторијата без воопшто да се труди. Неговата насмевка, заразната смеа и љубезното срце ќе ве натераа да посакате да бидете што поблиску до него – рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот