Актерот Идрис Елба доби витешка титула од кралот, признание за борбата против насилството со ножеви
Со години се шпекулираше дека би можел да биде новиот Џејмс Бонд, а сега британскиот актер Идрис Елба доби витешка титула од кралот.
Препорачано
Ѕвездата на сериите „Лутер“ (Luther) и „Жицата“ (The Wire) беше одликувана не за актерските улоги, туку за својата долгогодишна и активна кампања против насилството со ножеви и за поддршката на младите преку својата фондација.
Елба изјави дека признанието го прифаќа во име на младите со кои работи и порача дека општеството има заедничка одговорност да им понуди реална поддршка и алтернатива на насилството.
На новогодишната листа на почести се најдоа и легендите на уметничкото лизгање Џејн Торвил и Кристофер Дин, кои беа прогласени за дама и витез, како и селекторката на англиската женска фудбалска репрезентација Сарина Вигман, која доби почесна титула дама по новиот европски успех на тимот.
Годинешната листа, според официјалните податоци, се одликува со зголема застапеност на жени и добитници надвор од Лондон, а има и значително присуство на припадници на етничките малцинства.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


