Актерката префрлена во болница по сообраќајната несреќа: Автомобилот заврши на покрив (ВИДЕО)

Американската актерка Хелен Хант (56) итно била префрлена во болнца по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес, во која нејзиниот автомобил се превртил од силата на ударот.

Оскаровката, како што наведуваат странските медиуми, била во колата во моментот на несреќата, односно кога од страна нејзиниот автомобил го удрил друг автомобил.

На видеото кое го објави порталот TMZ се чини дека актерката мислела дека нејзиното возило имало првенство на минување на раскрсницата.

Порталот објави и дека актерката е префрлена во болница каде се пожалила на болки. Била свесна и во стабилна состојба кога ја одвела колата на Итна помош. Се уште не се знае во каква состојба е возачот на другиот автомобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот