„Ужасна сум“: Актерката Кристина Ричи се срами од својата улога во филмот „Каспер“
Кристина Ричи е позната по тоа често игра специфични ликови кои потсетуваат на нејзиниот лик во филмот „Каспер“ од 1995 година, кој за жал не е на нејзината листа на омилени филмови.
Препорачано
Актерката во подкастот на Марк Марон зборуваше за почетоците на нејзината кариера, осврнувајќи се на филмовите „Семејството Адамс“ и „Каспер“ кои ја прославија.
View this post on Instagram
Ричи рече дека не го сака филмот „Каспер“, не затоа што е лош како филмско остварување, туку затоа што мисли дека таа лошо ја одиграла својата улога.
Актерката имала 13 години кога глумела во филмот, а за многу нејзини обожаватели во 90-тите, „Каспер“ е еден од класиците и филм кој е дел од традицијата на „Ноќта на вештерките“.
„Ако го гледате филмот ќе забележите дека навистина лошо глумам. Луѓето се лутат кога го кажувам тоа“, објаснува актерката и додава дека таа секогаш одговара: „Не, тоа е прекрасен филм. Вистинско богатство од детството. Но, јас изгледам страшно во него“.
Актерката неодамна повторно го гледала филмот со нејзиниот осумгодишен син Фреди, но мислењето за нејзината глума не е променето.


