Аксиос: Трамп може да го отпушти сојузниот обвинител Бар

epa08692097 US President Donald J. Trump (L) speaks during a discussion with State Attorneys General on Protecting Consumers from Social Media Abuses in the Cabinet Room of the White House in Washington, DC, USA, 23 September 2020. US Attorney General William Barr listens at right. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Сојузниот обвинител Вилијам Бар може да биде отстранет од функција или да даде оставка, поради незадоволството од страна на претседателот Доналд Трамп од изјавата на Бар дека немало сериозни нарушувања на гласањето на неодамнешните претседателски избори во САД.

Повикувајќи се на свои извори, изданието Аксиос наведува дека Трамп е исфрустриран од ситуацијата, кога не започна одлучна истрага за она што тој вели дека било изборен фалсификат, иако многумина, вклучително и негови сопартијци, тоа го сметаат за теорија на заговор.

Претседателот на САД и синоќа од Белата куќа повика на тоа дека изборите биле измама, иако не продуцираше никакви докази за тоа.

Министерството за правда на Бар отвори и истрага за истрагата во врска со вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година и врските на кампањата на Трамп со Москва. Се наведува дека Трамп бил незадоволен и поради спорото одвивање на оваа истрага, што треба да резултира во извештај на специјалниот обвинител Џон Дурам.

-Овие два фактори укажуваат на реална можност Бар да биде или отпуштен или да поднесе оставка, на само 48 денови до крајот на мандатот на Трамп, наведува изданието.

Се шпекулира дека замена за Бар тешко може да се најде, со оглед на мошне краткото време што ѝ преостанува на оваа Администрација.

-Не дека тој може да го стави (личниот адвокат) Руди Џулијани да го води министерството само шест недели, иронизираат од Аксиос.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот