Ако заборавате често на оваа работа, тоа може да биде симптом на деменција

Деменција
Фото: Профимедиа

Според пишувањето на Светската здравствена организација (СЗО), се очекува бројот на пациенти да биде три пати поголем во наредните 30 години.

Иако станува збор за прогресивна болест за која во моментов нема лек, достапни се третмани и тие можат да го забават напредокот на болеста, ако кај поединец тоа е можно. Клучот е, секако, во раното препознавање на болеста. Постои една работа која може да ја открие деменцијата – нешто што постојано го заборавате.

Што е деменција?

Деменцијата е термин што се користи за да се опишат различни симптоми, вклучувајќи проблеми со памтењето, разбирањето, проценувањето, говорот и мислите, наведува Клиниката Мејо. Деменцијата започнува полека, постепено симптомите се интензивираат за да дојде до влошување коешто влијае на способноста на една личност да ги извршува задачите, да се дружи, да одржува врски.

Не станува збор за една болест, туку за термин кој ги опишува промените во памтењето, размислувањето и промените во личноста што го менуваат однесувањето на личноста, велат лекарите и додаваат дека состојбата може да биде предизвикана од разни болести и состојби.

Медицинската состојба, метаболичките проблеми, васкуларните заболувања, а понекогаш и инфективните болести можат да влијаат на клетките во мозокот и на тој начин да предизвикаат деменција, напоменуваат лекарите и објаснуваат дека и депресивната псевдодеменција може да биде поттикнувач, бидејќи ако нивото на серотонин е ниско, личноста може да има проблеми со вниманието, а ако е слаба концентрацијата, личноста послабо ќе запомнува, што може да се манифестира како деменција.

Алцхајмеровата болест е најчестиот облик на деменција. Алцхајмеровата болест е невролошко нарушување, специфичен тип на деменција, што доведува до лесно бавно пропаѓање на мозокот, доведувајќи до проблеми со меморијата, секојдневното функционирање и однесувањето. Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот која доведува до бавно влошување на мозокот. Симптомите на Алцхајмерова болест се појавуваат постепено, во период од неколку години и се разликуваат од личност до личност.

Алцхајмеровата болест е најчестиот вид на деменција, а во околу 60 отсто од случаите, пациент со деменција има и Алцхајмерова болест, велат лекарите и додаваат дека единствената причина поради која почесто се споменува Алцхајмеровата болест е науката која тука најмногу напредувала со истражувањата.

Прв знак на деменција

Проблемите со памтењето се првиот знак за деменција. Некој што страда од тоа може да заборави неодамнешен важен настан, имиња, места и каде им се наоѓаат клучевите.

Ако ја заборавате оваа работа, можеби станува збор за деменција

Проблемите со говорот и заборавањето на имињата на предметите може да бидат знак за деменција.

„Луѓето кои имаат Алцхајмерова болест може да имаат проблеми со комуникацијата. Може да запрат среде реченица и да немаат поим како да го продолжат разговорот, или може да се повторуваат. Може да се мачат со вокабуларот, именувањето на познатите предмети или да користат погрешни имиња“, се вели во соопштението на Здружението за Алцхајмер.

Тие можат да користат и други зборови или да објаснуваат кој би можел да биде зборот што не го паметат. Тоа може да биде толку суптилно што е тешко да се забележи, велат невролозите. За полесно да ја поднесе оваа состојба, личноста може да се повлече во себе и да се изолира од општеството.

Кои се другите симптоми на деменција?

Според невролозите, другите симптоми на деменција може да вклучуваат:

– Губите работи и не можете да се сетите каде сте ги оставиле

– Проблеми со видот и снаоѓањето

– Проблеми со решавањето задачи, организацијата и планирањето

– Општа збунетост

– Проблеми со координацијата

– Лоша поврзаност помеѓу местото и времето

– Необјасниви промени во личноста, како што се депресија, анксиозност

Кога е потребно да се посети лекар?

Ако вие или некој што го познавате ги има токму овие симптоми. Различни фактори можат да влијаат на заборавањето, а единствениот начин со сигурност да знаете дали станува збор за нешто посериозно, или заборавате поради стресот и несоницата, е да посетите лекар, заклучуваат невролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот