20.8 C
Скопје

Ако ви се јави 1 денар долг на даночната пресметка, не го плаќајте

Ако станува збор за заокружување на децималите во пресметката, даночниот обврзник нема обврска да ја плати.

Дел од граѓаните  во Годишната даночна пресметка, која требаше да се потврди до 31 мај, забележале долг од 1 денар. Тие се збунети и не знаат што да прават, да чекаат решение од УЈП за тој денар, да го уплатат без решение, или да не прават ништо. Според одговорот што го добивме од УЈП, денарот не се зема предвид за наплата, односно сите оние што имаат долг од 1 денар, не мора ништо да направат.

– Овој мал долг се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие – велат од УЈП.

Пред неколку години денарот предизвика остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат.

Поврзани вести

Вархеји: Почеток на преговорите со Македонија и Албанија останува приоритетно прашање

Слободен печат

ВИДЕО | Чуден случај со принцезата Латифа: Тврди дека е киднапирана, но ужива во Европа

Слободен печат

Три олтајмери се украдени за време на рели во Италија

Слободен печат

Србија направи огромен чекор кон ЕУ: Ана Брнабиќ изјави дека Кластерот 1 е отворен

Слободен печат

Запленeто злато вредно 1,9 милиони долари: Уапсени тројца граѓани на Конго, двајца Кинези се во бегство

Слободен печат

Се урна едрилица, едно лице е повредено

Слободен печат

Остави Коментар