Ако сте родени на овие 5 датуми, не ви е лесно: Според нумерологијата овие броеви не носат ништо добро
Многумина веруваат дека датумот на раѓање не е само обичен број во календарот, туку дека, според нумерологијата, тој носи посебно значење и открива одредени карактерни црти, животни предизвици и судбината на поединецот. Според ова учење, секој ден од месецот вибрира со посебна енергија, која може да влијае на една личност, позитивно или негативно, поради што некои датуми се сметаат за посреќни од другите.
Препорачано
Така и некои датуми на раѓање се сметаат за негативни. Според нумерологијата, ова се 5-те најлоши денови во месецот за раѓање, пишува „Сенса“.
4.
Според нумерологијата, луѓето родени на 4-ти во кој било месец се управувани од Уран, планетата поврзана со нестабилност. Астролозите веруваат дека тоа може да создаде хаос во нивните животи. Се предвидува дека луѓето родени на овој датум ќе имаат бескрајни борби порано во животот.
8.
Осум се смета за еден од најнегативните датуми на раѓање во нумерологијата. Управувани од Сатурн, од луѓето родени на овие денови се очекува да доживеат борби за моќ, финансиски лекции и одложен успех.
13.
Исто како што овој број носи несреќа, нумерологијата го поврзува овој датум на раѓање и со еден од најтешките животни патеки. За оние родени на овој датум се предвидува дека почесто ќе поминуваат низ тешки периоди во животот отколку да уживаат во лесни победи.
16.
Овој број на раѓање, според нумерологијата, се смета за еден од најемотивно напорните. Астролозите често го поврзуваат овој број со проблеми со егото, токсични врски и финансиски тешкотии.
22.
Наречен „мајсторски број“, луѓето родените на 22-ри во месецот се сметаат за луѓе под голем притисок во текот на целиот свој живот. Од нив се очекува да се справат со долгорочни чувства на вознемиреност и самосомневање.


