Акција за пролетно генерално чистење и подигање на ново зеленило во Скопје

Отпад, Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици

Од денеска па се до 27 мај, на територија на градот Скопје ќе се реализира пролетна акција за расчистување на јавните површини во градот, а ќе работи и на поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација како и на заловување на бездомни кучиња.

– Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓеоргиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатија – рече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција.

Според најавите, во пролетната работна акција на градот Скопје во координација со сите јавни претпријатија ќе бидат опфатени сите скопски општини започнувајќи од Општина Кисела Вода на чија што територија предвидено е акцијата да трае од 21 до 25 март, потоа акцијата ќе продолжи во Општина Карпош и истата ќе се реализира од 28 март до 1 април.

Во Општина Аеродром предвидено е акцијата да трае од 4 април до 8 април, во Општина Гази Баба од 11 април до 15 април, во Општина Чаир од 18 април до 21 април. Потоа акцијата за расчистување на јавните површини според најавите ќе продолжи во Општина Бутел и тоа во периодот од 26 април до 29 април. Во Општина Шуто Оризари ќе се чисти од 3 мај до 6 мај, во Општина Центар од 9 мај до 13 мај, по што акцијата ќе продолжи во Општина Ѓорче Петров и тоа во периодот од 16 мај до 20 мај и истата ќе заврши во Општина Сарај каде е предвидено да се чисти од 23 мај до 27 мај.

– Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици – изјави градоначалничката Арсовска.

Градоначалничката Арсовска додаде дека ваков тип на работна акција последниве години не е спроведена.

– Ако се работи во континуитет може да се видат значајни промени и градот Скопје да биде почисто и хумано место за живеење, а проблемите на граѓаните да бидат преточени во решенија за поубаво и модерно Скопје. Затоа овие работни акции ќе бидат дел од редовните активности во градот Скопје- нагласи Арсовска.

Ова е голема работна акција која вклучува координирани активности на градските јавни претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, кои ќе дејствуваат во доменот на своите работни задачи со цел надминување на предизвиците и реализација на барањата истакнати од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот