Ахмети: Во иднина претседателот да се бира во Собрание

фото: социјални мрежи

ДУИ едногласно ги поддржува – уставните измени и бара – после пет години шефот на државата да се бира во Собранието, порача, партискиот лидер – Али Ахмети. На стартот на изборната кампања за парламентарни избори, ДУИ, организираше настан, на кој, симулираа – конститутивна седница на Собранието.

„Ги поддржуваме уставните измени но исто така по пет години претседателот на државата да се бира во Собрание, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело. Ние сме парламентарна република и мора да се применува парламентарната демократија за идниот претседател да биде избран од мнозинството пратеници“, рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот