Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Ахмети навива за косовската опозиција

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети за време на денешниот престој во Битола изјави дека на претстојните парламентарни избори на Косово треба да победат опозициските сили.

Ахмети нагласи дека победата на косовската опозиција ќе влијае добро за мирот и стабилноста.

-Од особено значење е во Република Косово да победат опозициските сили. Тоа би влијаело добро за мирот и стабилноста. Очекувам граѓаните од Република Косово да се определат за важни процеси, изјави Ахмети во Битола, каде денеска учествуваше на политички собир со членовите и симпатизерите на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот