Ахмети: Изјавата на Дардишта е против каузата на ДУИ

Али Ахмети
Али Ахмети / Фото: МИА

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар Шкодране Дардишта, пренесе Сител. Според него, таквите изјави се спротивни на каузата на партијата.

– ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.

Претходно од ДУИ за „Слободен печат“ посочија дека госпоѓата Дардишта зборувала за изборна битка.

– Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. ДУИ како апсолутен победник на локалните избори е подготвена секогаш кога и да се одржат парламентарните избори да влезе во трка и да излезе како победник. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен, рекоа од ДУИ за „Слободен печат“.

Откако се закани со војна, Дардишта не е достапна за коментар

„Слободен печат“ денеска се обиде да стапи во контакт и со Дардишта со цел да добиеме коментар за објавата, но таа не одговара на нашите повици.

– Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот