Ахмети: „Бомбите“ на Ел Чека – „утринска слана“ што брзо ќе ја снема!

Ниту сум ги слушнал, ниту пак, ќе ги слушам, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети запрашан за коментар околу прислушуваните телефонски разговори што деновиве се објавуваат на социјалните мрежи, пренесе Алсат М.

Првиот човек на алтернативците додаде дека од пријатели дознал оти станувало збор само за „утринска слана“ што брзо ќе исчезне, односно дека во нив немало ништо официјално туку само неврзани разговори. Ахмети додал дека судството треба да се справи со случајот.

Изминатиов период корисник на социјалната мрежа Фејсбук со прекар Ел Чека, предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље, како што ветуваше ДУИ. Toj тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н.кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.

Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали што ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот