Аднан Азизи од Беса: „Играта е завршена“

Аднан Азизи

Организацискиот секретар на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку статус на „Фејсбук“ реагираше по веста дека се формира ново парламентарно мнозинство.

Азизи смета дека функционерите и лидерот на ДУИ не ја послушале пријателската сугестија на Касами да си заминат како победници од политичката сцена, а не сега како губитници.

– Пријателската сугестија на претседателот Билал Касами да се пензионираат како победници се претвори во непромислен напад врз Движењето БЕСА. Како што ви кажавме да го предадете „Калето“ (Тетово) пријателски бидејќи ќе се посрамите не нѐ послушавте, сега истото ќе ви се случи. Ќе си заминете од политичката сцена како губитници и засрамени! „Гаме Овер“, напиша Азизи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот