Административни пречки за Ѓорческа: Уште „чека влез“ на Вимблдон – визата не е одобрена

Фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со рангот и резултатите оваа сезона е пред сериозен предизвик за настап на третиот Грен слем турнир годинава – Вимблдон. Но, се појавија административни пречки – Ѓорческа сè уште нема добиено британска виза.

Таа апликацијата за виза ја пополни пред 20-тина дена, а имаше и разговор за добивање на потребната виза. Но, одговор нема. Времето за почеток на турнирот се ближи (квалификациите стартуваат на 24.јуни), а и организаторот на турнирот најави дека ќе преземе чекори Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.

Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатата подлога. Доколку Лина добие виза во следните два дена, во план е настап и на турнир од рангот W100 во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот