Адеми и Ристовски ги продолжуваат квалификациите за ЛШ со Динамо

EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот шампион Динамо Загреб славеше и во реванш натпреварот против Омонија од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Овој пат Динамо победи на Кипар со минимални 1:0, а единствениот гол го постигна Лука Менало во 79 минута и со вкупен резултат 3:0 ги продолжува квалификациите за пласман во групната фаза во ЛШ.
Македонските репрезентативци кои настапуваат за Динамо, Стефан Ристовски и Аријан Адеми имаа половичен ефект. Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Адеми кој е капитен на Динамо, поради повреда не настапи на натпреварот.

Пласман во следната рунда обезбеди и Легија Варшава која исто така со 1:0 славеше на гости кај Флора Талин и си закажа пресметка со Динамо Загреб во третото квалификациско коло.
Малме ја задржа предноста од еден гол и со ремито 2:2 на гости кај Хелсинки обезбеди пласман во следната рунда каде го чека двомеч со шкотскиот шампион Ренџерс.

Резултати:
Флора – Легија 0:1
Хелсинки – Малме 2:2
Омонија – Динамо Загреб 0:1
Жалгирис – Ференцварош 1:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот