Адеми: Го чекаме УНЕСКО со раширени раце

Македонија е апсолутно подготвена да ја пречека реактивната Мисија на УНЕСКО која за една недела доаѓа да провери како се спроведуваат нејзините препораки во врска со охридското подрачје, тврди за „Слободен печат“ претседателот на Националната комисија на УНЕСКО, Едмонд Адеми. Реактивната мисија на УНЕСКО ги започнува своите активности во Албанија, но ќе сврати и во Македонија.

Како дел од мерките што се преземени во согласност со барањата на Организацијата за образование, наука и култура на ООН, во декември почна санацијата и ревитализацијата на најкритичните точки на колекторскиот систем долж Охридското Езеро.

– За санација на цевководот се користи најсовремена технологија за чистење без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура. Очекувам до мај годинава да завршат работите и со тоа да нема повеќе излевања во Охридското Езеро. Тоа е уште една препорака на УНЕСКО која се исполнува – тврди Адеми.

 

Повеќе на оваа тема читајте во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот