АД Пошта изразува жалење за ненамерната грешка при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ”

АД „Пошта на Северна Македонија” – Скопје се извинува за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ” чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.

На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци.

АД „Пошта на Северна Македонија” – Скопје изразува жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ” се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата Држава.

Издавањето на поштенските марки е регулирано со Законот за поштенските услуги и Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.

Издавањето на поштенските марки е во согласност со Годишна програма за издавање на поштенски марки, одобрена од страна на Министерството за транспорт и врски.

Согласно одобрените теми, мотиви, тиражи и останати обележја на поштенските марки, во процесот на издавање на истите се вклучени:

– Биро за филателија на друштвото и

– Совет за издавање на поштенски марки

Бирото за филателија има надлежност да собира и стручно обработува податоци; предлага мотиви и подготвува графички и ликовни решенија на поштенските марки, ги подготвува за печатење во согласност со насоките добиени од Советот и др..

Советот за поштенски марки именуван од Управниот одбор на Друштвото е составен од 7 членови, четворица претставници од редот на вработените во Друштвото и три надворешни членови. Надворешните членови се од редот на лица ангажирани во културни, јавни и научни области (историчари од национални институти (2) и еден е уметник од ФЛУ.

Конечна одлука за изборот на мотивите како и графичките и ликовни решенија на поштенските марки ја носи Советот за поштенски марки.

Врз основа на горенаведеното, Ве известуваме дека по повод ненамерната техничка грешка се состана Управниот одбор на Друштвото со цел преземање мерки во рамки на своите надлежности, а во согласност со Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.

На итно одржаната седница на ден 09 мај 2020 година, Управниот одбор на Друштвото донесе:

– Одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ”, мотив „ Хрватска (Загреб)” со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година. Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж.

– Одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и

– Одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

АД „Пошта на Северна Македонија”- Скопје во оваа прилика уште еднаш најискрено се извинува на сите засегнати страни за ненамерната техничка грешка.

Само со взаемно почитување и блиска соработка може да бидеме составен дел на големото европско семејство.

Скандал: Македонска пошта со карта на усташка Хрватска на македонска марка го одбележа 9 Мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот