Скандал: Македонска пошта со карта на усташка Хрватска на македонска марка го одбележа 9 Мај

За да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, Македонска пошта со серија поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 Мај, Денот на Европа. Ама во случајов, со марка за Хрватска, со сосема погрешна карта – карта на „голема Хрватска“, објави Мкд.мк.

„Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска. А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора. Велика Хрватска!“, пишува порталот.

НДХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот