Ачерби е ослободен од обвиненијата за расизам, одлучи Италијанскиот спортски суд

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби денеска беше ослободен од обвиненијата за расизам и расна навреда кон дефанзивецот на Наполи, Хуан Жесус, соопшти денеска Италијанскиот спортски суд.

– Нема докази дека Ачерби го навредил Хуан Жезус на расна основа – се вели во соопштението на судот.

Ачерби беше обвинет дека упатил расистичка навреда кон Бразилецот на натпреварот меѓу Интер и Наполи на 17 март во Милано.

Откако се појавија информациите за наводните навреди, Спалети го отстрани 36-годишниот Ачерби од репрезентацијата за пријателските дуели со Еквадор и Венецуела.

Во текот на својата кариера, дефанзивецот Ачерби забележа 34 настапи за италијанската репрезентација и постигна еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот