Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

84-годишен изнудувач ѝ се заканил на роднина, ѝ зел 5.000 евра

84-годишен жител на село во полошката општина Врапчиште ќе одговара откако со закана изнудил 5.000 евра од негова роднина, соопшти полицијата.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице- негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот