Филипче: Бенефит за пациентите од извозот на канабис

Новите измени во Закон за опојни дроги е процес кој вклучува повеќе државни институции, граѓански организации, здруженија на пациенти и невладин сектор, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат, соопшти денеска Министерството за здравство.

Законската надлежност во моментов на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите.

Економскиот бенефит директно ќе го осетат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести. Понатаму, размислуваме во делот на проширување на дијагнозите, како проширување на лекари специјалисти оди во прилог на тоа дека еден од приоритетите е интересот на пациентите, имајќи го предвид и сегашниот интерес на сегашните специјализанти кои имаат лиценца да ги даваат овие два рецепти за медицински канабис – рече Филипче.

Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање и опфаќа повеќе сектори и повеќе институции, смета Филипче. Од голема важност во тој процес се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

Оваа дебата треба да се развие. Следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони на пример Кривичниот законик за кој мора да се вклучат и претставници на Министерството за правда. Сегашниот систем кој го регулира одгледувањето, лиценцирањето на компаниите за одгледување на медицински канабис, извозот понатаму во делот на препишување од страна на лекари специјалисти е нешто што е само наша активност меѓутоа ова бара една навистина широка дебата во општеството да се слушнат буквално сите чинители – изјави Филипче.

Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот