31. издание на Саем на книга во ВИП-арената „Борис Трајковски“

Во период од 8 до 14 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 31. издание на Саемот на книгата, кој веќе втора година по ред се одржува на оваа локација.

На манифестацијата учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и од Албанија.

И годинава издавачките куќи ќе ги понудат своите најнови изданија. Планирани се голем број промоции, средби со автори, а љубителите на книгата може да очекуваат и големи саемски попусти.

Во рамките на Саемот на книгата унгарската амбасада во земјава ќе организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот.

– Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата очекуваме да овозможи поддршка на издавачите овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност – истакна проект-менаџерот на Саемот на книгата, Сања Кондарко.

Овој саем, кој зад себе има 30-годишна традиција, како еден од најголемите културни настани во земјата, е добро познат помеѓу љубителите на книгата. Очекувањата се дека годинешната манифестација со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од речиси 45.000 посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот