2МФЛ: Пелистер славеше во дербито против Беласица

фото: fcpelister.com.mk

Пелистер ја оправда фаворитската улога во дербито на првото коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ) против Беласица со резултат 0:2. Првото полувреме во Струмица, помина во знакот на адаптирање и полека но сигурно преземање на контролата на топката на двете екипи.

Цело полувреме се играше на средина од теренот каде што беше најжестоко. „Зелено-белите“ имаа три шанси за отворање на резултатот, еднаш од слободен удар во раните минути од натпреварот, и уште два удари од аголот на шеснаесетникот, но не успеаја да ја погодат мрежата на голманот на Беласица.

После една добро одиграна акција на фудбалерите на Пелистер, битолската екипа доби пенал по играње со рака во забранетиот простор. Во 37 минута капитенот на ФК Пелистер Љамчевски биеше сигурно во долниот десен агол за водство од 0:1.

Конечниот епилог беше поставен во 67 минута кога после еден корнер од левата страна на Љамчевски, одлично во шеснаесетникот на ФК Беласица се снајде Спиркоски, кој со глава биеше во противничката мрежа за 0:2.

Кожуф исто така имаше успешен старт во шампионатот откако со головите на Д. Иванов, Б. Иванов и Митков славеше над Караорман.

Резултати, прво коло, 2МФЛ: Беласица – Пелистер 0:2, Победа – Тетекс 5:1, Осогово – Беса 0:4, Башкими – Охрид 1:0, Детонит Плачковица – Вардар Неготино 1:0, Каменица Саса – Скопје 1:1, Кожуф – Караорман 3:0, Новаци – Арсими 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот