26 милијардери побогати од половина свет заедно

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на укинување на глобалните нееднаквости, дополнително изразени поради пандемијата од корона кризата.

– Коронавирусот се споредува како рентген кој ги откри слабостите во костурот на општеството кое го изградивме, истакна Гутереш на годишното предавање по повод роденденот на некогашниот јужноафрикански претседател Нелсон Мендела.

Гутереш наведе дека кризата предизвикана од пандемијата „секаде разоткри лажни убедувања, лаги дека слободата на пазарот може да испорача здравствена заштита за сите, фикција дека неплатената нега не е работа, илузија дека живееме во пострасистички свет, мит дека сите сме во ист чамец.

Тој додаде дека високоразвиените земји се посветиле на сопствениот опстанок и дека „не успеаа да испорачаат поддршка потребна за помош на земјите во развој во овие опасни времиња“.

Гутереш ја критикуваше големата нееднаквост во богатството.

– Најбогатите 26 луѓе во светот поседуваат богатство колку половина од светската популација, истакна генералниот секретар на Обединетите Нации.

Тој нагласи дека ваквата нееднаквост е забележана и во одговорот за време на пандемијата од корона вирусот бидејќи одделни влади, компании и поединци се обвинети дека повеќе од потребното правеле залихи од медицински материјали и опрема.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот